НОВИ ТРОТОАРИ И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ
Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски оствари средба со жителите на селата Горно и Долно Агларци со цел да ги информира за тековните активности во овие населени места и да ги сослуша нивните потреби и барања.
„ До крајот на градежната сезона во Долно Агларци ќе се изградат нови тротоари во должина од 100 метри и атмосферска канализација во должина од 240 метри додека во Горно Агларци 210 метри.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Жителите на Горно Агларци побараа санација на оџаците во училиштето, чистење на пешачката патека до училиште, асфалтирање и тампонирање на локални патишта, чистење на каналите, изградба на атмосферски канал во должина од 150 метри и редовно одржување и косење на тревните површини и кастрење на дрвата.
Жителите на Долно Агларци побараа чистење на дивите депонии и поројот за кој сметаат дека е приоритетен и реконструкцијана кровот на црквата.
0 Comments