МЗШВ додели финансиски средства за организирање на ,,Фестивалот на жетвата Новаци 2024″
Денес присуствував на доделувањето на договорите за поддршка на локални настани и саеми во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, каде министерот Цветан Трипуновски ми го врачи решението за финансиска поддршка на ,,Фестивалот на жетвата” кој оваа година ќе се одржи на 19 и 20 јули кај манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.
Голема благодарност за дадената поддршка и заедно со министерот ќе го поддржиме и ќе работиме на новиот концепт за поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам. Сето тоа е во насока на подигнување на земјоделството и руралниот живот на едно подобро ниво.
0 Comments