Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЛОКАЛИЗИРАН Е ПОЖАРОТ ВО С. СКОЧИВИР

Со масовна интервенција на терен од страна на ТППЕ Битола, ЈП Комунална Хигиена од Новаци и РЕК Битола локализиран е пожарот кој попладнево го зафати селото Скочивир и моментално е под контрола.Причина за избувнувањето на пожарот е скината жица од далековод кој поминува низ селото при што се опожарени 15 куќи и помошни објекти .Станува збор пред се за напуштени и нефункционални куќи.Благодарение на брзата интервенција не се дозволи проширување на пожарот во други куќи каде веќе живеат од локалното население.Како резултат на високите температури и големата можност од појава на пожари, од општина Новаци упатуваат апел до граѓаните за одговорно однесување на отворено со цел да се даде максимален национален придонес кон намалувањето на заканите од пожари .Сите сторители ќе бидат казнети согласно пропишаните законски одредби

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top