Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Кузманоски во работна посета на Турција

Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски со дел од вработените во општинската администрација се во работна посета во Република Турција. На покана на градоначалникот на општина Караџасу, Зеќи Инал, Кузманоски со општинската делегација присуствуваат на првото издание на Интернационалниот фестивал за грнчарија „Црвени раце”.

„Денеска на покана на градоначалникот на Караџасу, г-дин Зеќи Инал ја започнав работната посета во Република Турција каде што ќе присуствувам на фестивалот за грнчарија во Караџасу. Нашата општина од 2019 година е збратимена со општина Караџасу, и токму ваквите заеднички посети се дел од протоколот за збратимување кој го потпишавме. Со градоначалникот Зеќи се договоривме за аплицирање на заеднички проекти во европските фондови, реализација на заеднички активности и презентирање на можностите за инвестиции во нашата општина пред турските инвеститори.”  изјави градоначалникот Љубе Кузманоски.

Градоначалникот на општина Караџасу изрази задоволство од посетата на Кузманоски, особено што почесни гости на првиот интернационален фестивал за грнчарија во Караџасу се градоначалникот и делегацијата на општина Новаци од Македонија.

„Особено сме среќни што денеска во нашата посета се градоначлникот на општина Новаци, г-дин Љубе Кузманоски со неговата делегација и што зедоа учество nа првиот интернационален фестивал за грнчарија „Црвени раце” во Караџасу. Соработката со општина Новаци ќе продолжи и во идниот период преку различни проекти, а за во идинина најавувам и моја возвратна посета во Македонија” – изјави градоначалникот на општина Караџасу, Зеќи Инал.

Фестивалот на грнчарија, стана празник за граѓаните на Караџасу. Уметници од повеќе делови на Турција ќе ги изложат своите дела на фестивалот кој ќе трае шест дена.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content