Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започнува со изградба цевковод за снабдување со вода на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени

Започнува да се гради цевковод за снабдување со вода на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени. Проектот чини 27.604.929,00 денари од кои Општина Новаци од својот сопствен буџет ќе обезбеди 1.331.879,00 денари.

„ За жал и во 21 век сеуште се соочуваме со немање на основни услови за егзистенција како чиста вода за пиење во некои од населените места во Општина Новаци. Денес го продолжуваме проектот со кој се надевам дека конечно ќе се надмине проблемот со водоснабдувањето на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени. Именоовај проект е започнат во 2009 година кога бил изграден примарен цевковод од Гермијан до местото каде се наоѓаме денес, во должина од 5 км. Во 2013 година се аплицирало до Министерство за транспорт и врски за изградба на цевковод за водоснабдување на овие села  но проектот стагнирал заради немањето на соодветен извор на водоснабдување се до добивањето на дозвола за приклучок на мрежата на Водовод Битола. “ рече Стевче Стевановски , градоначалник на Општина Новаци.

Средствата за реализација на овај проект се обезбедени од грант согласно договорот за финансирање помеѓу РМ и Европска инвестициона банка за проектот „ Водоснабдување и одведување на отпадни води“ во врска со Законот за задолжување на РМ со заем од ЕИБ и одлуката за распределба на средства од истоимениот договор.

„ Денес заедно со градоначалникот Стевановски започнуваме со градежни активности за изградба на цевковод за снабдување со вода на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени. Станува збор за голем комунален проект чија документација ја изработивме во министерството за транспорт и врски и опфаќа 2 фази. Во оваа прва фаза која денес ја започнуваме ќе се направат  изведба на доводни цевководи заедно со пумпни станици и одградба на  резервоар за неселениете места Бач и Живојно. Дополнително понатаму во фазите кои ќе следат ќе се градат секундарни водоводни мрежи низ селата Бач, Брод Живојно и Добровени како и резервоари за  водоснабдување за противпожарни потреби. Инвестицијата за оваа прва фаза изнесува 27,5 милиони денари од кои 26.2 милиони денари преку буџетот на министерството за транспорт а Општина Новаци учествува со свои средства во висина од 1,3 милиони денари. “ рече Благој Бочварски , министер за транспорт и врски.

Општина Новаци како локална смаоуправа и досега правеше секакви напори да  им обезбедиме вода на жителите кои гравитираат и живеат во селата Бач, Брод, Живојно и Добровени за нормален секојдневен живот, но со реализацијата на овој проект целосно ќе се реши водоснабдувањето на овие села.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content