Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна изградбата на првата детската градинка во Новаци

DSC_6187

Поставен е камен темелник со кој се означи започнувањето на градежните работи околу доградбата на детската градинка во Новаци во присуство на министерот за труд и социјална политика на РМ, Диме Спасов, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, пратеничката Мирјана Хаџиевска , дечињата од Центарот за ран детски развој Бамби, мноштво жители на општина Новаци и медиуми.

„ На мое големо задоволство со градоначалникот Котевски, денеска го поставивме камен темелникот за изградба на првата детска градинка во општина Новаци . Имено станува збор за инвестиција вредна околу 6,5 милиони денари.Министерството за труд ќе ја преземе одговорноста за комплетно опремување на внатрешноста на овој објект додека општината ќе инвестира во нејзина изградба. Се очекува објектот да биде завршен до крајот на оваа година. Градинката ќе има можност да згриже околу 100 дечиња на претшколска возраст. “ рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика на РМ.

Родителите во руралните средини имаат се повеќе барања за отворања на вакви градинки.Општина Новаци е позитивен пример во државата и по отворените 5 Центри за ран детски развој кои се одлична форма за згрижување на дечињата од претшколска возраст. Министерството за труд има одлична соработка со општина Новаци отворена е дисперзирана канцеларија на центарот за социјални работи во Новаци, потоа за Агенцијата за вработување на РМ  и градинката е наш трет заеднички проект а верувам дека соработката ќе продолжи и понатаму, посочи министерот Спасов.

„ Оваа градинка ќе ни биде од голема корист и тоа не само за нашите деца од село Новаци туку и за околните села. Сега моментално овој центар секојдневно го посетуваат околу 30 дечиња и тоа само од Новаци. Постои голем интерес затоа што родителите се вработени и нема кој да им  ги чува децата а со детската градинка тој нивен проблем ќе  им биде решен. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Пред крајот на својата посета министерот Спасов го посети преубавиот манастир Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.

DSC_6232

Владата на РМ од 2009 година па досега има отворено околу 46 детски градинки,  над 26 центри за ран детски развој како институции за згрижување на деца од претшколска возраст. Во статистички податоци тоа значи ако во 2006 биле згрижени околу 15 000 дечиња сега се над 38-39 000 деца згрижени во детските градинки ширум РМ. Акциониот план на оваа Влада предвидува отоврање на  најмалнку 10 градинки годишно во цела држава. За оваа година околу планираме отворање на  12-13 вакви објекти .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top