Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Трет координативен состанок за проектот „Жива историја ,Жива природа 2 “

30.05 2016 014

Денеска во општина Новаци се одржа третиот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“ со грчките партнери од општина Алмопиа.

„ На состанокот разговаравме за тековните активности, досегашното имплементирање на проектот кај двата партнери Новаци и Алмопиа, проблемите и предизвиците со кои се соочуваме при реализацијата а секако посебен осврт беше ставено на активностите кои треба да се имплементираат до крајот односно заедничките активности како што се школата за фотографија,конкурсот за најубави фотрографии, школата за архитектура и за новинари и блогери која ќе биде во Аридеа и сл. “-. рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

13323533_10154224652208988_3867080245367142925_o

Научниот соработник Никос Тсимас ги презентираше досегашните но и  идните активности на Алмопиа кои произлегуваат од имплементирањето на овој втор заеднички прекуграничен проект. Го презентираше партенрното уредивање на плоштадот во Атеохори, Аридеа, реализираната прва работилница за новинари и блогери и сл.

Состанокот заврши со дискусија за останатите заеднички активности кои следат до крајот на проектот „Жива историја,жива природа“ 2, завршната конференција во двете земји на која ќе се презентираат резултатите од проектот .

Проектот „Жива историја, жива природа 2“ е втор проект кој општините Новаци и Алмопиа го имплементираа од програмата за прекугранична соработка Македонија-Грицја 2007 – 2013 .

 

Back to top
Skip to content