Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНА НОВАЦИ

Жителите на Општина Новаци задоволни од работата на градоначалникот , а значително подобрување на фунцкионирањето и реализацијата на проекти и активности забележале во изминатата 1 година.

Податоците се добиени според  он лајн прашалникот :Како жителите ја перцепираат Општина Новаци.

На прашањето: Како ја оценувате соработката и комуникацијата на градоначалникот на општината со жителите 65.4% одговориле  – Одлично, 26,9 % – Задоволително додека  7,7 %  се изјасниле со – Недоволна.

На прашањето: Како ја оценувате соработката и комуникацијата на градоначалникот со бизнис секторот и деловната заедница воопшто, 56 % одговориле – Одлично, 40% – Задоволително и само 4% од испитаниците ја избрале опцијата – Недоволна.

Сите испитаници односно 100 % одговориле потврдно  на прашањето: Дали сметате дека со изградбата на Индустриската зона Новаци ќе се подобри економската состојба на општината.

Позитивен одговор дале 84.6% од  испитаниците на прашањето: Дали сметате дека се подобрува Локалниот економски развој на општината , додека само 15,4% дале негативен одговор.

На прашањето: Дали Општина Новаци доволно инвестира во подобрување на инфраструктурата,  60,9% од испитаниците се изјасниле со ДА, 8,7% со НЕ, додека 30,4% избрале дека во последната година се забележуваат напори за подобрување на инфраструктурата.

На прашањето: Дали Општина Новаци доволно инвестира во подобрување на животната средина и квалитетот на живот 37,5% се изјасниле со ДА, 16,7 % со НЕ, додека 45,8% избрале дека во последната година се забележуваат напори за подобрување на животната средина и квалитетот на живот.

Испитаниците кои одговориле на прашалникот сметаат дека Општина Новаци важи за атрактивно место за живеење во споредба со другите општини во регионот и тоа 48%, а 36% одговориле дека е во еднаква положба со другите општини во регионот.

Ова се само дел од прашањата на он лајн прашалниот кој можете да го одговорите до 09.12.2022 година на следниот линк:

https://s.surveyplanet.com/2sf1bcrp?fbclid=IwAR3csH4ARJ2U_9Cmma733uG3Mtwrcf3RvIzR_Ff_tasyp7yiCcc1qZv97Uc

Вашете мислење ние многу важно. Прашалникот :Како жителите ја перцепираат Општина Новаци е изработен за потребите за Статегијата за Локален економски развој која во моментот ја изготвува  администрацијата на Општина Новаци во соработка со проектот на УСАИД  за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content