Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУБЕ КУЗМАНОСКИ РАЗЛИКАТА ОД ПЛАТАТА ДО 14.500 ДЕНАРИ ЌЕ ЈА ДОНИРА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОВИД-19

Почитувани сограѓани ,

Солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас.

Токму сега , во овие кризни времиња кога нашата држава и граѓаните се исправени пред предизвикот на пандемијата и секојдневно се носат со последиците од истата и кога сите капацитети и ресурси се насочени кон побрзо надминување на кризата од Ковид-19, сакам да Ве информирам дека и покрај одлуката на Уставниот суд , разликата од мојата плата до 14.500 денари за месеците април и мај ќе ја уплатам на сметка на Солидарниот фонд за справување со Ковид-19.

Во духот на солидарноста сите избрани и именувани функционери на локално ниво ќе го следат мојот пример, бидејќи само со лична одговорност и чувство на солидарност можеме да дадеме придонес и да излеземе како победници од оваа ситуација.

Заеднички со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици и ќе продолжиме да работиме едниствено за интересите на граѓаните .

Со почит
Градоначалник
Љубе Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top