Градоначалникот Стевановски на конститутивна седница на ЦРППР
Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски денеска присуствуваше на конститутивната седница на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Седницата започна со конституирање на Совет за развој на Пелагонискиот плански регион а потоа за претседател на Советот беше избран Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.
„Седницата по изборот продолжи со предлог годишниот финансиски план за 2022 година кој на мој предлог беше одложен за следната седница заради достава на соодветните материјали и нивно разгледување.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Според агендата седницата потоа продолжи со разгледување на предлог одлуката за распишување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – претставник од Здруженијата и предлог одлука за отпочнување на постапка за избор на претставник од бизнис заедницата за член во Советот.
0 Comments