Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Набавени таблети за четвртоодделенците од Општина Новаци

На иницијатива на градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, набавени се 14 таблети за децата од четврто одделение со цел непречено следење на наставата по новата програма концепција за основно образование.

„ Родителите на децата од четврто одделение реагираа до мене дека децата не можат да ја следат наставата затоа што немаат учебници а не секој родител може да му обезбеди таблет или паметен телефон. Токму затоа решив да им излезам во пресрет и на сите дечиња да им набавиме ваква опрема за редовно да ги следат наставните содржини. Мојата заложба за вложување во децата и во нивното образование ќе продолжи и понатаму се разбира во можностите на Општина Новаци. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Оваа програма беше усвоена во месец март годинава најпрво за прво и четврто одделение а планот на Министерството за образование е реформата да се спроведе етапно и во другите одделенија од основното образование. Според стручните лица кои ја подготвија новата концепција, придобивките се намален број предмети, нивно интегрирање и можност за учениците да избираат предмети со што се почитуваат нивните интереси и се овозможува развој на нивните потенцијали.

„Ние на училиште неможевме да користиме дигитални учебници и затоа користевме учебници на телевизор.Голема благодарност до општината што ни набави таблети бидејќи сега секој ќе можи да работи на својот таблет.“ рече Наталија Јовановска, ученик во четврто одделение.

Наставниот план содржи 8 задолжителни предмети за прво одделение па се до 11 во другите одделенија.Задолжителни предмети се македонски и англиски јазик,ликовно, музичко и физичко образование,  природни науки ( биологија, хемија, физика и делови од географија, граѓанско образование и други општествено хуманистички дисциплини), историја и општество и математика.Од вториот образовен период од IV до IX одделение се воведува и задолжителен предмет техничко образование и информатика.

Видеото од прилогот можете да го погледните на мојот youtube канал на следниот линк:

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content