Градоначалникот Кузманоски во посетата на село Арматуш
Градоначалникот Кузманоски при посетата на село Арматуш оствари средба со локалното население каде заедно со претседателот на месната заедница од ова село разговараа за актуелните проблеми кои ги имаат жителите и за се она што им е потребно за нормално функционирање .
Најголемиот проблем со кои се соочуваат жителите од ова село е проблемот со водоснабдувањето на вода за пиење за кој градоначалникот им даде ветување дека ќе го реши проблемот со изнаоѓање на најприфатливо решение во најбрз можен рок.
Од локалното население побарано е и асфалтирање на една локална улица како и изработка и монтирање на неколку водопоила на утврдени локации за потребите на сточарите .Се разговараше за изградба на објект со кој ќе раководи месната заедница кој воедно ќе го користат и месното население за нивни потреби.Средбите со граѓаните се од исклучително значење за континуирано и тековно решавање на нивните проблеми.
Во принцип задоволни се од работата на локалната самоуправа и ангажманот на градоначалникот кој им излегува во пресрет за сите барањата од страната на месната заедница .Воедно задоволни се и од политиките , мерките и реформите од страна на централната власт.
Село Арматуш е единственото село во општина Новаци со албанско население кое важи за пример за соживот , меѓусебно разбирање , толеранција и соработка.
0 Comments