Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ВАСИЛИЧАРСКИ ОГНОВИ НИЗ ОПШТИНА НОВАЦИ

Бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови каде во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослави Стара Нова година и Василица.

Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани . Ги посети големите маалски василичарски огнови во неколку населени места од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.

“Овие празници како дел од нашата традиција ни даваат можност да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност се и белег на нашето постоење.Ова заедништво ги зајакнува меѓусебните врски во нашата локална заедница. .Да си подаваме рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие.Воедно на сите православни христијани им го честитам празникот Василица ,многу здравје ,среќа и бериќет.”-истакна градоначалникот Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top