Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци упатува апел да се почитуваат препораките и законските одредби донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија како и препораките дадени од страна на Општина Новаци .

Се апелира до сите граѓани од општина Новаци да се однесуваат одговорно кон своето и кон здравјето на сите останати во заедницата бидејќи Јавното здравје е заедничка одговорност.

1.Согласно препораките и законските одредби донесени од страна на Владата од 15.03.2020 година се апелира до сите граѓани на општина Новаци и останати странки да го редуцираат движењето во институциите , со исклучок на итни и неодложни работи .

2. Жителите на Општина Новаци да го сведат на минимум движењето надвор од своите домови, со исклучок за итни и неодложни работи. Особено оваа препорака се однесува за посетување на угостителски објекти,обложувалници , паркови и останати отворени и затворени простории со капацитет за собирање на поголема група на луѓе, кои претставуваат потенцијална опасност за здравјето на сите.

3.Се наоѓаме во период кој од сите нас се бара да бидеме дисциплинирани и смирени и сите информациите повразни со новонастанатата ситуација со КОВИД-19 (Корона вирус), да се црпат исклучиво од Министерството за здравство, поради тоа што информациите од неофицијални извори доведуваат до паника кај населението.

4. Лицата кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и лицата кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да го контактираат Центарот за јавно здравје – Битола на тел. 071/261-330.

5. Општина Новаци ги почитува сите дадени препораки да не доаѓаат на работа лицата со хронично заболување, бремените жени и лица кои имаат деца под 10-годишна возраст.

6. Почитувајќи ги препораките, се заштитувате самите себе, но и Вашите најблиски.

7.Да се грижиме за сопственото и колективното здравје!

#ОстаниДомаСпасиЖивот

#ЗаштитиСе #ОдНасЗависи!

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content