Monthly Archive: December 2016

Dec 29

Новогодишни приредби и пакетчиња за учениците од Гермијан,Бач,Живојно

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски ги посети дечињата во основните  училишта во Гермијан, Бач и Живојно каде присуствуваше на новогодишните приредби на учениците и им подели новогодишни пакетчиња.  

Dec 27

Новогодишната претстава „Зимски игри“ на театарот „Бабец“ во Новаци

Глумците од Театарот за деца „Бабец“ од Битола денеска за дечињата од општина Новаци ја одиграа новогодишната претстава „Зимски игри“ .Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.

Dec 15

Се одржа третата форумска сесија во општина Новаци

Изградба на индустриска зона, базен и реконструкција и асфалтирање на улици се проектите за кои најмногу гласови дадоа жителите на општина Новаци на денешната трета форумска сесија.

Dec 14

Советот на општина Новаци ја одржа 60 –тата седница

Советот на општина Новаци имаше полни раце работа на 60-тата седница на која на дневен ред имаше повеќе од триесеттина точки.

Dec 05

Општина Новаци дел од „ Македонија во ритамот на Европа“

Општина Новаци е избрана меѓу дваесеттe општини во РМ да биде дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ во 2017 година. Целта на манифестацијата е поттикнување , развивање , препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранцијата, рамноправноста на половите, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење. За таа цел …

Continue reading »

Dec 01

Ден на дрвото во општина Новаци

Како и секоја година така и оваа и општина Новаци се вклучи во акцијата за пошумување „ Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.  Се пошумуваше во дворот на општината и детската градинка во Новаци како и во ЦОУ „Славко Лумбарковски“.

css.php