Инфраструктура
Во рамките на општината патната комуникација се изведува преку општински и регионални патишта. Жителите на општината со центарот на општината Новаци и Битола се поврзани со автобуски сообраќај.
Регионални патни правци се:
Р-509 – Битола-Новаци-Маково-Старавина во вкупна должина од 53 км (40 се асфалтирани, од Рапеш до Старавина во должина од 13 км се само тампонирани).
Р-510 – врска М-5-Кременица-Бач-Скочивир-Старавина во вкупна должина од 55 км (30 км е асфалтиран, 25 км е макадам).
Р-120 -Тополчани-Добрушево-Новаци-Брод во вкупна должина од 40 км (22 се асфалтирани, 18 км на потегот до Новаци е макадам).
Р-531 – Брод-Гнеотино во должина од 11 км е земјен пат.
Локална патна мрежа:
- 20,5 км асфалтирани патишта;
- 25 км тампонирани;
- 91 км земјен пат.
Локални улици:
- 13 км асфалт;
- 6 км тампонирани;
- 58 км земјен пат.
Инфраструктурни објекти за водоснабдување:
С. Новаци, Добромири и Рибарци се поврзани на водоводната мрежа од водоводот на град Битола.
Во селата Горно Агларци, Долно Агларци, Далбеговци, Гермијан, Бач, Живојно, Брод и Скочивир изградена е локална водовона мрежа со резервоари со пумпи.
Селата Старавина, Градежница, Будимерци и Зовиќ приклучени се на регионалниот водовод „Мариово“.
Селата Рапеш, Маково, Орле и Груништа имаат локални водоводи.
Населените места во општина Новаци покриени се со телефонска мрежа, а со исклучок на с. Брник и Груништа во останатите има електрична мрежа.