Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци започна со реализација на проектот „Реконструкција на локална улица во с. Новаци“

Реконструкција на локална улица во с. Новаци

Општина Новаци започна со реализација на проектот „Реконструкција на локална улица во с. Новаци“. Станува збор за основен проект како дел од комплетно изработената проектна документација која општина Новаци на претходна апликација ја доби од Министерството за финансии во рамки на проектот – „Подобрување на општинските услуги (МСИП)“ финансирана од Светска Банка.

🔺 Изработувач на основниот проект „Реконструкција на локална улица во с. Новаци“ е ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје.

✔️ Со веќе претходно изготвен проект, општина Новаци со средства од Буџетот во висина од 3.052.314 денари започна со градежните активности за реализација на овој проект.

📌 Со целосна реконструкција ќе биде опфатена локална улица со два краци и тоа крак 1 со должина од 385,843м и крак 2 со должина од 119,549м или вкупна должина од 505,4м.

✅ Комплетната реконструкција опфаќа одводнување,бетонска каналета и сливници поврзани со бетонскиот канал за атмосферска канализација.

🏗 Изведувач на градежните работи е СВ ИНВЕСТ ДООЕЛ Битола.

🧱 Постојаната состојба на улицата е во лоша состојба со попречни и подолжи пукнатини, дупки и оштетувања.

✅ Обезбедуваме квалитетна инфраструктура за нормално одвивање на сообраќајот и подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Back to top
Skip to content