Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Kреативна работилница “Моделираме-рециклираме” во Гермијан и Агларци

rabotilnica

Во рамките на Топлиот културен бран синоќа во с.Гермијан се одржа првата креативна работилница именувана како Моделираме-рециклираме.

Дечињата од различна возраст имаа можност да се дружат во креативен амбиент со професионален модератор и да изработуваат различни предмети од рециклиран материјал, мозаици и украсни фигури, да составуваат едукативни сложувалки со мотиви од општината и со специјални бои сликаат свои инспирации.

Не изостанаа и цртежите како уметност на техника на создавање слики на хартија со линии од креда, јаглен и туш каде беа претставени емоции и фантазии низ визуелна форма на симболи и апстракти на форми и фигури кои се создадоа од детските раце. Креативните работилници за прв пат се одржуваат како дел од дисперзија на културните настани.

Вечерва на програмата во општинскиот двор во Новаци е комедијата „Празни муабети “на театар Дел-Арте Битола .

Втората креативна работилница во с.Агларци ќе биде одржана утре. Во сабота пак во соработка со Центарот за култура Битола во рамки на караванот од манифестацијата „Илинденски денови“ Битола гости ќе бидат претставниците од Шпанија кои ќе претстават дел од својата фолклорна традиција

Back to top
Skip to content