Обележување на улиците низ Новаци

Денес во соработка со ЈКП,,Комунална хигиена” се правеше обележување, означување и хоризонтална сигнализација на улиците во Новаци. На овај начин ја зголемуваме видливоста и безбедноста во сообраќајот како за пешаците така и за возачите.
Oдбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев

Денес во с. Паралово, во организација на Општина Новаци, достоинствено беше одбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев (1876–1906). Настанот започна со панихида на неговото вечно почивалиште, по што следуваше заедничка трпеза во манастирот „Св. Ѓорѓи“. Со почит и благодарност се потсетивме на неговото дело и жртва, оддавајќи чест на ликот […]
Објавени најдобрите на ликовниот и литературниот конкурс

По повод 30 годишниот јубилеј од постоењето и успешното функционирање на Општина Новаци, беше објавен литературен и ликовен конкурс, а Комисијата за најуспешни ги избра следните: ЛИКОВЕН КОНКУРС 1. Андреј Ристевски- прво место Адам Мицевски – прво место 2. Тамара Талевска – второ место 3. Марија Талевска – трето место ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС 1. Теодора Талевска […]
Второ место на Државното првенство во кик бокс за Филип Талевски

Нашиот сограѓанин Филип Талевски постигна одличен успех освојувајќи второ место на Државното првенство во кик бокс, кое се одржа во Скопје, во категоријата Low Kick до 63 килограми. Овој значаен резултат е доказ за неговата посветеност, труд и спортски дух. Општина Новаци стои зад Филип и ќе продолжи да го поддржува на неговиот спортски пат, […]
ДЕНЕС ВО ОПШТИНА НОВАЦИ СЕ ОДРЖА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Седницата се реализираше во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која беа разгледани актуелни прашања и активности поврзани со регионалниот развој и идните приоритети на регионот. На седницата се дискутираше за тековните проекти, стратешките насоки и можностите за понатамошна соработка помеѓу општините во Пелагонискиот регион, можностите за аплицирање на нови проекти […]
АКЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност – Скопје и Општина Новаци реализираа заедничка превентивна акција со делење едукативни флаери за безбедно возење и одговорно учество во сообраќајот без консумирање алкохол. Воедно, ОСБСП Новаци беше на терен во рамките на активностите за одбележување на празниците Св. Трифун […]
Доделени таблети за учениците од IV одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

Општина Новаци продолжува со својата заложба за унапредување на образовниот процес и создавање подобри услови за учење. Денес, на учениците од четврто одделение при ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци им беа доделени таблет уреди, наменети за непречено следење на наставата и реализација на образовните содржини согласно наставната програма. Оваа активност претставува континуитет на поддршката што […]
ПОДДРШКА ЗА МЛАДИ ВОЗАЧИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Општина Новаци започнува постапка за доделување финансиска помош во износ од 10 000 денари по барател, за покривање дел од трошоците поврзани со обука, полагање и стекнување возачка дозвола од Б категорија.Мерката е наменета за млади жители на Општина Новаци на возраст до 26 години, со цел олеснување на пристапот до возачка дозвола и унапредување […]
Се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Денес во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од регионалниот систем за управување со отпад. На седницата, на која учествуваа сите 18 градоначалници од двата региони во својство на членови на Одборот, како […]
Водици во Општина Новаци

Во духот на вековната православна традиција и со силна вера во Бога, денес низ целата Општина Новаци свечено се одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици. Честитки до сите што годинава го фатија Светиот Крст: • Новаци – Давид Јанкуловски • Добромири – Ангел Стевановски • Агларци – Александар Митровски • Далбеговци – Благојче Ристевски […]