Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Доделени таблети за учениците од IV одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

Доделени таблети за учениците од IV одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

Општина Новаци продолжува со својата заложба за унапредување на образовниот процес и создавање подобри услови за учење.

Денес, на учениците од четврто одделение при ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци им беа доделени таблет уреди, наменети за непречено следење на наставата и реализација на образовните содржини согласно наставната програма.

Оваа активност претставува континуитет на поддршката што ја обезбедуваме за најмладите, и е редовна практика која се реализира од почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци, со цел поттикнување на дигиталното образование и еднаков пристап до современи алатки за учење.

Општина Новаци останува посветена на инвестиции во образованието, бидејќи вложувањето во младите е вложување во иднината на заедницата.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email