Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

АКЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

АКЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност – Скопје и Општина Новаци реализираа заедничка превентивна акција со делење едукативни флаери за безбедно возење и одговорно учество во сообраќајот без консумирање алкохол.

Воедно, ОСБСП Новаци беше на терен во рамките на активностите за одбележување на празниците Св. Трифун и Св. Валентин, спроведувајќи превентивно-едукативна акција во Новаци во соработка со МВР – ПС Новаци. Членовите на ОСБСП и полициските службеници преку директна комуникација со возачите и делење едукативни флаери упатија силна порака – да не се седнува зад волан доколку се консумира алкохол.

Слоганите на оваа акција се:

❗️ Не дозволувај чашата алкохол засекогаш да ти го промени животот.

❗️ Секој живот е важен – вози одговорно!

➡️ Ако пиеш – не вози.

➡️ Ако возиш – не пиј.

🚫 Алкохолот и воланот не одат во двојка.

#БезбеденСообраќај#ВозиОдговорно#Новаци#секојживотеважен

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email