Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Oдбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев

Oдбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев

Денес во с. Паралово, во организација на Општина Новаци, достоинствено беше одбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев (1876–1906).

Настанот започна со панихида на неговото вечно почивалиште, по што следуваше заедничка трпеза во манастирот „Св. Ѓорѓи“.

Со почит и благодарност се потсетивме на неговото дело и жртва, оддавајќи чест на ликот и делото на овој значаен македонски херој.

Благодарност до сите присутни кои со своето присуство придонесоа за достоинствено одбележување на овој значаен ден.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email