Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Бадниковата Поворка во Новаци

Бадниковата Поворка во Новаци го најави Христовото раѓање Бадник е ден исполнет со духовна радост, заедништво и надеж. Тоа е ден кога се собираат семејствата, се негува традицијата и со чисти срца се очекува Христовото Раѓање. Традиционално, и оваа година се одржа Бадниковата поворка, во која учествуваа млади бадникари заедно со своите семејства. Бадникарите беа […]

Доделена опрема на ЈКП Комунална хигиена Новаци

Денес беше одржан настан на кој беше презентирана и доделена нова опрема за управување со отпад на комуналните претпријатија од 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, поддржан од ЕБОР и Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова е регионален чекор кон почиста животна […]

УСВОЕН БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Советот на Општина Новаци го донесе Буџетот за 2026 година со вкупен износ од 230.980.080 денари или 3 725 485 евра, кој претставува реална и развојна рамка насочена кон подобрување на квалитетот на живот на сите наши сограѓани. Со овај развоен буџет се планираат значајни вложувања во економскиот развој, инфраструктурата, заштитата на животната средина, младите, спортот, […]

Дедо Мраз во градинката „Бамби“ – Новаци

Со детски насмевки, радост и празнична магија, градинката „Бамби“ денес беше исполнета со смеа и весела атмосфера. Нашите најмили дечиња уживаа во прекрасна детска претстава и средба со Дедо Мраз, кој им донесе подароци, многу радост и новогодишен дух. Среќна Нова година, мили дечиња! Нека новата година ви донесе уште повеќе убави моменти, игра и […]

Се одржа седницата на Националниот совет за развој

Денес присуствував на седница на Националниот совет за развој, како значаен форум во рамки на Националната развојна стратегија, каде што се дискутираше за клучни прашања поврзани со долгорочниот, стратешки и одржлив развој на државата. Националниот совет за развој претставува повеќе од формална институционална рамка – тој е простор за отворен дијалог, аргументирана дебата и градење […]

Зимската бајка продолжи со детската претстава „Трите прасиња и Дедо Мраз“

Зимската бајка во Општина Новаци денес продолжи со детската претстава „Трите прасиња и Дедо Мраз“ во изведба на НУ Народен театар Битола. Карактерите на денешната претстава измамија многу детска смеа, џагор, насмевки и весело празнично распиложение. Голема благодарност до ZK Pelagonija Bitola за реализацијата на нашата магична новогодишна Зимска бајка во Општина Новаци.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Почитувани жители на Општина Новаци и корисници на регионалниот пат R1311, Ве информираме дека, согласно информација доставена од РЦУК – Битола, а добиена од РЕК Битола во текот на ноќта (00:20 часот) значително се влоши состојбата на регионалниот патен правец R1311 на делницата Битола – Новаци – Маково, на влезот кај депонијата Мегленци, во близина […]

Се одржа традиционалчниот новогодишен панаѓур во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

“Зимска Бајка” и новогодишен панаѓур во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци Голема благодарност до ZK Pelagonija Bitola за реализацијата на нашата магична новогодишна Зимска бајка во Општина Новаци.

Се одржа првиот солистички концерт на КУД „Везилка“

Првиот ден од настанот „Зимска Бајка“, во организација на Младинска Граѓанска Акција во Општина Новаци, беше исполнет со музика и празнична атмосфера. Посебен момент на вечерта беше првиот солистички концерт на КУД „Везилка“, кој со својот настап ја воодушеви публиката и ја промовираше традицијата и културата. Настанот беше збогатен и со настапите на група „Маестрал“ […]