Бадниковата Поворка во Новаци го најави Христовото раѓање![]()
Бадник е ден исполнет со духовна радост, заедништво и надеж. Тоа е ден кога се собираат семејствата, се негува традицијата и со чисти срца се очекува Христовото Раѓање. ![]()
Традиционално, и оваа година се одржа Бадниковата поворка, во која учествуваа млади бадникари заедно со своите семејства. ![]()
Бадникарите беа пречекани од градоначалникот на Општина Новаци, кој им ги честита Бадник и Божиќните празници. ![]()