Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Се одржа седницата на Националниот совет за развој

Се одржа седницата на Националниот совет за развој

Денес присуствував на седница на Националниот совет за развој, како значаен форум во рамки на Националната развојна стратегија, каде што се дискутираше за клучни прашања поврзани со долгорочниот, стратешки и одржлив развој на државата.

Националниот совет за развој претставува повеќе од формална институционална рамка – тој е простор за отворен дијалог, аргументирана дебата и градење заеднички визии, преку активно вклучување на претставници од сите засегнати општествени чинители.

Посебно значајно е што Националната развојна стратегија е резултат на широк општествен и политички консензус, што дополнително беше потврдено со формирањето на Интерпартиската парламентарна група за следење на напредокот на стратегијата, на 16 мај во Собранието.

Ова е силна порака за политичка зрелост, одговорност и координација меѓу институциите, но и јасен чекор кон промоција на инклузивни политики, транспарентност, отчетност и долгорочно стратешко размислување.

Верувам дека преку вакви процеси и соработка можеме заеднички да градиме посилна, поодржлива и просперитетна иднина за сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email