Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Се одржа првиот солистички концерт на КУД „Везилка“

Се одржа првиот солистички концерт на КУД „Везилка“

Првиот ден од настанот „Зимска Бајка“, во организација на Младинска Граѓанска Акција во Општина Новаци, беше исполнет со музика и празнична атмосфера. Посебен момент на вечерта беше првиот солистички концерт на КУД „Везилка“, кој со својот настап ја воодушеви публиката и ја промовираше традицијата и културата. ✨

Настанот беше збогатен и со настапите на група „Маестрал“ и група „Секвенца“, кои придонесоа за одлична забава и вистински зимски дух. Вечерта помина во знак на дружење, музика и позитивна енергија, најавувајќи успешна и магична „Зимска Бајка“. 🎄

Голема благодарност до ZK Pelagonija Bitola за реализацијата на нашата магична новогодишна Зимска бајка во Општина Новаци.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email