Полагање цвеќе по повод денот на општината

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 30 години Општина Новаци, денес беше реализирана активноста за полагање цвеќе во чест на Пеце Матичевски и Трајан Мицевски. Свежо цвеќе положи градоначалникот на Општина Новаци, заедно со претставници од општинската администрација, како и претседателот на Советот на Општина Новаци со дел од советниците. Делегацијата најпрво оддаде почит на […]
Концерт на КУД „Везилка“ од Новаци

Вечерва бев дел и од големиот концерт на КУД „Везилка“ од Новаци, настан кој уште еднаш ја потврди силата и вредноста на традицијата во нашата општина. Посебна чест беше што како гости на концертот настапија и КУД „Илинден“ од Демир Хисар, кои дополнително ја збогатија вечерта со својата изведба. Преку игра, песна и носии, беше […]
СПОРТСКИ ДЕН – „30 ГОДИНИ ЗАЕДНО“

Во духот на заедништво, фер-плеј и спортска енергија, денес во Новаци успешно се одржа Спортскиот ден по повод големиот јубилеј – 30 години од основањето на Општина Новаци! Повеќенаменското игралиште во с. Новаци беше исполнето со позитивна атмосфера, натпреварувачки дух и многу насмевки. Учесниците покажаа одлична игра, тимска работа и вистинска љубов кон спортот. Овој […]
Акција за пошумување по повод јубилејот 30 години општина Новаци

Во духот на јубилејот – 30 години Општина Новаци, вложуваме во иднината! Вчера успешно се реализираше настанот за засадување на заштитен зелен појас, како дел од активностите по повод одбележувањето на 30 години постоење на Општина Новаци Оваа значајна активност се реализираше во соработка со Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ), во рамки на […]
Проекцијата на документарниот филм „Општина Новаци – 30 години развој“

Како заокружување на денешната агенда, вечерва имав чест да присуствувам на проекцијата на документарниот филм „Општина Новаци – 30 години развој“, во режија и сценарио на Катерина Чукалевска и Иванчо Петковски, во продукција на Општина Новаци и Младинска Граѓанска Акција. Филмот претставува силно и емотивно сведоштво за три децении посветена работа, континуиран развој и зачувување […]
Приредба на ООУ „Славко Лумбарковски“ по повод патрониот празник

Во спортската сала на ООУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, свечено беше одбележан значајниот јубилеј – 70 години од постоењето на училиштето. Приредбата помина во празнична атмосфера, исполнета со богата програма подготвена од учениците, кои преку музички, драмски и рецитаторски точки ја претставија историјата, духот и вредностите на училиштето. Со својата креативност и енергија, тие уште […]
Градинката „Бамби“ одбележа значаен јубилеј – 5 години постоење

Со голема радост и насмевки, во дворот на градинката „Бамби“ беше одбележан значаен јубилеј – 5 години од нејзиното постоење. На настанот присуствуваа бројни родители, гости и пријатели на градинката, а свое обраќање имаше и градоначалникот, кој ја истакна важноста на вложувањето во најмладите и создавањето квалитетни услови за нивен раст и развој. Нашите најмили […]
Набавена метларка за метење на улиците

Продолжуваме со модернизација на комуналните услуги. Нашето комунално претпријатие ,, Комунална Хигиенаʼʼ – Новаци, го опремивме со уште една нова машина! Новата машина за метење обезбедува почисти улици, помалку прашина и побрза услуга за сите граѓани. Работиме домаќински и одговорно.
Промоција на монографијата на ООУ „Славко Лумбарковски“по повод јубилеј – седум децении

Во салата на Општина Новаци се одржа свечена промоција на монографијата на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци, насловена „70 години знаење, традиција и визија“, со која беше одбележан значајниот јубилеј – седум децении постоење и развој на училиштето. Монографијата претставува вреден документ кој ја отсликува историјата на училиштето, неговиот континуиран раст и улогата што ја […]
30 ГОДИНИ ОПШТИНА НОВАЦИ

Со голема чест Ве покануваме да бидете дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 30 години Општина Новаци ПРОГРАМА (27 – 30 МАРТ 2026): 27 МАРТ (ПЕТОК) 10:00 – Јубилејно паркче „30 години Општина Новаци“ Спортско рекреативна патека – Новаци 12:00 – Отворен ден на ЈОУДГ „Бамби“ (5 годишен јубилеј) Детска градинка „Бамби“ 16:00 – […]