Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Приредба на ООУ „Славко Лумбарковски“ по повод патрониот празник

Приредба на ООУ „Славко Лумбарковски“ по повод патрониот празник

Во спортската сала на ООУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, свечено беше одбележан значајниот јубилеј – 70 години од постоењето на училиштето.

Приредбата помина во празнична атмосфера, исполнета со богата програма подготвена од учениците, кои преку музички, драмски и рецитаторски точки ја претставија историјата, духот и вредностите на училиштето. Со својата креативност и енергија, тие уште еднаш покажаа дека училиштето е место каде се негуваат знаењето, талентот и љубовта кон образованието.

На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот, кој ја истакна важноста на образованието како темел за развојот на заедницата, упатувајќи честитки за значајниот јубилеј и поддршка за понатамошниот напредок на училиштето.

Прославата на 70-годишнината претставуваше можност за потсетување на долгогодишната традиција, успеси и генерации ученици, наставници и директори кои оставиле траен белег во развојот на ООУ „Славко Лумбарковски“.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email