Се гради водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланираните улици во Индустриската зона Новаци
Денес извршив увид на градежните активности за изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланираните улици во Индустриската зона Новаци. Со овој проект се создава современа инфраструктура што ќе овозможи подобри услови за работа, нови инвестиции и економски развој на општината. Вкупна вредност на проектот изнесува 25.534.903,16 денари, средства кои се обезбедени од Владата […]
Документарниот филм „Општина Новаци – 30 години развој“

Со гордост Ви го споделуваме документарниот филм „Општина Новаци – 30 години развој“, кој ја прикажува приказната за три децении постоење, предизвици и успеси. Погледнете го филмот и запознајте ја Општина Новаци одблиску. Видеото е достапно сега на YouTube каналот на Младинска Граѓанска Акција.
Tемелно исчистен рекреативниот парк на реката Коњарка во Скочивир

Во пресрет на Велигденските празници кои ни претстојат, Општина Новаци во соработка со екипата на ЈКП „Комунална хигиена“ Новаци спроведоа активности за уредување и темелно чистење на рекреативниот парк на реката Коњарка во Скочивир. Со заеднички труд и посветеност, просторот е разубавен и подготвен за сите посетители кои празничните денови ќе ги поминат во природа, […]
Санирано е газилиштето на реката Елешка

Санирано е газилиштето на реката Елешка, кое беше оштетено поради обилните врнежи од дожд. Со оваа активност, повторно е овозможено непречено движење на земјоделците при обработка на нивните земјоделски површини.
Се одржа 53 традиционална акција за калемење

Во рамките на нашите активности за унапредување на практичните знаења и љубовта кон природата, и оваа година ја поддржавме 53 традиционална акција за калемење и облагородување на дивата круша- Горница и дивата слива – Џанка која се одржа во Маково. Оваа активност има за цел учениците и младите техничари да се запознаат со значењето на […]
1 април Ден на шегата во Општина Новаци

Денес имав чест и големо задоволство да ме посети една цела армија бубамари , маскираните дечиња од детската градинка „Бамби“ во Општина Новаци. Нивните весели насмевки и детската смеа ја исполнија средбата со топлина и искрена радост. Овие мали, но големи срца се нашата иднина, а нивната безгрижност и енергија се вистинска инспирација за сите […]
Министерот Перински на состанок со администрацијата и советот на Општина Новаци

Покрај обемната агенда, денес одржавме краток работен состанок со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со советниците и вработените во општинската администрација. На состанокот разговаравме за тековните проекти, предизвиците со кои се соочуваме, како и за идните планови за развој на општината. Преку заедничка работа, добра координација и посветеност, продолжуваме да создаваме подобри услови […]
Свечена академија по повод јубилејот на Општина Новаци – 30 години од нејзиното постоење

Денес се одржа и свечена академија по повод јубилејот на Општина Новаци – 30 години од нејзиното постоење. На академијата беа доделени признанија и награди на локални производители, инвеститори, здруженија, млади професионалци – дипломирани инженери кои го добиле својот инженерски прстен, пилоти, како и лекари, како знак на признание за нивниот труд, посветеност и придонес […]
Свечена седница на Советот на Општина Новаци

По повод значајниот јубилеј – 30 години Општина Новаци, се одржа свечена седница на Советот на Општина Новаци, на која присуствуваа сите досегашни советници кои во изминатите три децении биле дел од работата на Советот. Овој настан претставуваше симболично обединување на сите генерации кои со својата посветеност, одговорност и визија придонеле за развојот и напредокот […]
Поставен камен-темелник на новата фабрика во индустриската зона во Новаци

Денеска поставвивме камен-темелник на новата фабрика за производство и преработка на здрава храна на фирмата „Кечеги“, во новата Индустриска зона во Новаци , инвестиција на Александар Талевски. Овој значаен проект се реализира по повод 30-годишниот јубилеј на Општина Новаци и претставува уште еден чекор напред кон економски развој, нови работни места и поддршка на домашното […]