Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Свечена академија по повод јубилејот на Општина Новаци – 30 години од нејзиното постоење

Свечена академија по повод јубилејот на Општина Новаци – 30 години од нејзиното постоење

Денес се одржа и свечена академија по повод јубилејот на Општина Новаци – 30 години од нејзиното постоење. 🎉

На академијата беа доделени признанија и награди на локални производители, инвеститори, здруженија, млади професионалци – дипломирани инженери кои го добиле својот инженерски прстен, пилоти, како и лекари, како знак на признание за нивниот труд, посветеност и придонес во развојот на општината и заедницата. 🏆

Свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа Златко Перински, претседателот на Советот Илче Трајковски, како и јас, како градоначалник на Општина Новаци.

Овој настан ја истакна важноста на знаењето, професионализмот, иницијативата и соработката меѓу институциите и здруженијата, како и континуираниот напредок на Општина Новаци. Со гордост ја прославивме историјата на заедницата, охрабрувајќи ги младите генерации и сите чинители да продолжат да го градат патот на просперитет и развој.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email