Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Свечена седница на Советот на Општина Новаци

Свечена седница на Советот на Општина Новаци

По повод значајниот јубилеј – 30 години Општина Новаци, се одржа свечена седница на Советот на Општина Новаци, на која присуствуваа сите досегашни советници кои во изминатите три децении биле дел од работата на Советот. 🎖️

Овој настан претставуваше симболично обединување на сите генерации кои со својата посветеност, одговорност и визија придонеле за развојот и напредокот на општината. Преку нивната работа, одлуки и заложби, се граделе темелите на модерната Општина Новаци.

Свечената седница беше можност да се оддаде признание за вложениот труд и да се потсетиме на сите предизвици и успеси кои ја обликувале општината во изминатите 30 години.

Во рамки на одбележувањето, беа наградени и учениците кои учествуваа на Ликовниот и Литературниот конкурс на тема „Општина Новаци“, при што беа доделени награди за освоените први три места.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email