Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Општина Новаци со ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад – кипер грајфер!

Општина Новаци продолжува со инвестиции за почиста и поуредена животна средина! Со поддршка од Министерството за животна средина, Општина Новаци и ЈП „Комунална хигиена“ – Новаци добија ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад односно кипер грајфер – наменет за чистење не регулирани ѓубришта (диви депонии), со што значително се модернизира возниот […]

Општина Новаци повторно дел од националната еко-акција „GENERALKA WEEKEND 2026“!

И оваа година, Општина Новаци активно се приклучи на најголемата државна акција за чистење „Generalka Weekend“, која се реализира во периодот од 8 до 10 мај, со цел создавање почиста, поздрава и поубава животна средина за сите граѓани. Со заеднички сили, посветеност и еколошка свест, беа исчистени повеќе локации на територијата на општината, при што […]

Уште еден значаен проект за жителите на Општина Новаци!

Целосно е реконструиран и оспособен за користење објектот во село Бач, каде во минатото била сместена Општина Бач. Објектот со години беше руиниран и оставен на забот на времето, но денес повторно добива нов живот и ќе биде ставен во функција на мештаните. Овој простор ќе служи за одржување на состаноци, дружби, собири и други […]

Oспособен и уреден патот до манастирот „Св. Димитриј“ во Чебрен

Го оспособивме и уредивме патот низ непристапните предели на мариовскиот дел од нашата Општина, со што значително ја подобривме проодноста и безбедноста на теренот. Со оваа интервенција создадовме услови за полесен и побезбеден пристап на верниците, посетителите и љубителите на природата до манастирот „Св. Димитриј“ во Чебрен.

Николоски во посета на Општина Новаци

Денес во Општина Новаци бевме домаќини на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изврши увид во реализацијата и планираните инфраструктурни проекти во нашата општина. Во рамки на првиот повик за финансиска поддршка од Владата, обезбедени се 7.134.000 денари за проектот „Изградба на улица во Индустриска зона во с. Новаци – Крак 3“, со […]

Се уредува и чисти спортско-рекреативниот парк на реката Коњарка во село Скочивир

Во пресрет на Први Мај, извршивме уредување, чистење и оспособување на игралиштето кај спортско-рекреативниот парк на реката Коњарка во село Скочивир, во соработка со јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци. Просторот е целосно подготвен да ги пречека сите посетители – семејства, рекреативци и љубители на природата, кои традиционално ги поминуваат првомајските празници на излет во […]

25 години од трагичниот настан кај Вејце

Денес оддаваме почит и положивме свежо цвеќе пред споменикот на бранителите, по повод 25 години од трагичниот настан кај Вејце. На овој ден се потсетуваме на четворицата припадници на безбедносните сили од Битола – Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, кои го положија својот живот во конфликтот од 2001 година. Нивната жртва […]

Ќе се гради систем за наводнување, во атарите на Новаци и Добромири

Денес присуствував на почетокот на проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“, кој се реализира со поддршка на Европската Унија во рамките на програмата IPA 2021, со вкупен буџет од 570.000 евра. Општина Новаци е една од осумте општини каде ќе започне да се се гради систем […]

ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Општина Новаци ги информира граѓаните дека на 24.04.2026 (петок), екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ќе започнат со прва фаза од превентивна систематска дератизација, односно поставување на отровни мамци за уништување на глодари. Активностите на терен ќе бидат јасно обележани и обезбедени со предупредувачки знаци. Апел до граѓаните: Со цел безбедно и […]

АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ И РЕВЕГЕТАЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Согласно Планот за ревегетација, изработен во рамки на проектот „Reconstruction of a part of the street network for v. Novaci“, Општина Новаци заедно со ЈКП „Комунална хигиена“ спроведе акција за повторно озеленување на просторот по завршување на градежните работи на улица 1 и улица 2 во непосредна близина на Индустриската зона во Новаци. Проектотот опфати […]