Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Општина Новаци со ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад – кипер грајфер!

Општина Новаци со ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад – кипер грајфер!

Општина Новаци продолжува со инвестиции за почиста и поуредена животна средина!

Со поддршка од Министерството за животна средина, Општина Новаци и ЈП „Комунална хигиена“ – Новаци добија ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад односно кипер грајфер – наменет за чистење не регулирани ѓубришта (диви депонии), со што значително се модернизира возниот парк и се подобруваат услугите за граѓаните.

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски истакна дека оваа инвестиција претставува директно вложување во почиста животна средина, подобра комунална хигиена и поквалитетен живот за сите жители на општината.

Паралелно со ова, претпријатието активно го спроведува проектот за селекција на пластика, а во наредниот период ќе бидат поделени и канти за селекција на отпад до домаќинствата.

Дополнително, претходно е набавен друг нов камион за собирање на отпад, набавена е и нова приклучна машина – метларка за чистење на тротоарите, која ќе придонесе за уште почиста и поуредена Општина Новаци.

✅ Чиста околина – заедничка одговорност и наша заедничка иднина!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email