Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Општина Новаци повторно дел од националната еко-акција „GENERALKA WEEKEND 2026“!

Општина Новаци повторно дел од националната еко-акција „GENERALKA WEEKEND 2026“!

И оваа година, Општина Новаци активно се приклучи на најголемата државна акција за чистење „Generalka Weekend“, која се реализира во периодот од 8 до 10 мај, со цел создавање почиста, поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.

Со заеднички сили, посветеност и еколошка свест, беа исчистени повеќе локации на територијата на општината, при што активно учество земаа: јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци, дечињата од детската градинка Бамби и учениците од централното основно училиште „Славко Лумбарковски“во Новаци и подрачното училиште во Бач.

Акцијата се реализираше на следните локации:

▪️ Од мостот на реката Црна до центарот на Новаци и низ целото село

▪️ Околу детската градинка „Бамби“

▪️ По должина на патниот правец Новаци – Далбеговци

Чистата животна средина значи поздрав живот, поголема еколошка одговорност и подобра иднина за сите генерации. Со ваквите акции ја поттикнуваме грижата за природата, чувството на заедништво и личната одговорност за зачувување на нашата околина.

Голема благодарност до сите учесници кои придонесоа за успешна реализација на акцијата!

Општина Новаци останува посветена на заштитата на животната средина и унапредување на еко-свеста кај своите жители. Да продолжиме заедно да создаваме почиста и поздрава општина!

#GeneralkaWeekend2026#ОпштинаНоваци#ЧистаСредина#ЕкоАкција#ЗаЗдраваИднина#ГрижаЗаПриродата#ЕкоСвест#Новaци💚🌱♻️

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email