ЗАПОЧНА ТАМПОНИРАЊЕТО НА ПОЛСКИТЕ ПАТИШТА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
Во тек е тампонирање на полските патишта на територија на општина Новаци согласно програмата за изградба и одржување на полски патишта за 2020 година.
Согласно програмата предвидено е тампонирање на 10 км полски патишта во атарите на 15 населени места во општина Новаци со цел поголема и полесна пристапност на земјоделците до своите земјоделски површини.
Со програмата е опфатено и тампонирање на дел од најоштетените локалени патишта до населените места с .Груништа , с.Велесело, с.Рапеш, с.Маково.
Вкупната вредност на овие градежни работи изнесува 9 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџет на општина Новаци за 2020г.