ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РСМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Новаци за спроведување на превентивна системска дезинсекција на територијата на Општина Новаци како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје –Битола ЌЕ ИЗВЕДЕ СИСТЕМСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА СО ЦЕЛ УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА НОВАЦИ ВО ДЕНОВИТЕ 20.08.2020(четврток) и 21.08.2020(петок) ВО ПЕРИОДОТ ОД 19.00 до 02.00 ЧАСОТ.
Активностите ќе се изведуваат во вечерните часови со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило на кое ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналскиот систем на територија на Општина Новаци, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.