ОПШТИНА НОВАЦИ ЛИДЕР ПО ВРЕДНОСТА НА ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЖИТЕЛ
Според најновите истражувања на Центарот за граѓански комуникации, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој(УСАИД), општина Новаци е лидер во руралните општини по вредност на јавните набавки по жител.Ако во 2018 година општината потрошила 291 евро на јавни набавки по жител, во 2019година има зголемување на вредноста и тоа 488 евра по жител за разлика од општина Сопиште и Арачиново кои потрошиле само по 2 евра.
Тоа значи дека општина Новаци од година во година го зголемува трошењето на парите во подобрување на инфраструктурата и во подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.