ОПШТИНА НОВАЦИ ИНВЕСТИРА ВО ПОДИГНУВАЊЕ НА ПАРКОВИ
Општина Новаци во континуитет работи во подобрување на условите за живеење во сите населени места.Пример за тоа се и инвестициите во подигнување на паркови со кои во изминатите години целосно се промени сликата за општина Новаци .
Со средства од програмата за фосилни горива преку министерството за животна средина во изминатите 2 и пол години инвестирано е во два рекреативни парка во с.Горно Агларци и во с.Долно Агларци.
По барање на локално население од с.Долно и с.Горно Агларци извршена е реконструкцијата на два постоечки бунари во двете населени места со комплетно партерно уредување .
Парковите располагаат со детски реквизити , клупи за седење, летниковеци, реконструирани бунари и друга урбана опрема.
Малските дружби на најмладите но и на возрасните од овие две населени места се преточија во вистинско уживање и дружба на едно место каде секој поминат заеднички момент ќе раѓа нови спомени.
Продолжуваме посветено да работиме на разубавување на општина Новаци .