Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ВО 17 НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Деновиве интензивно се работи на асфалтирање на локалните патишта и улици на територијата на општина Новаци согласно Програмата која е донесена од Советот за тековната 2020 година.
И покрај кризата со коронавирусот градежните активности продолжуваат со забрзана динамика при што се почитуваат мерките за заштита.

Асфалтирањето на локални улици се одвива во 17 населени места во општина Новаци со предвидена вкупна должина од 2.5- 3 км .Вкупната вредност на овие градежни работи изнесува 11 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

“Кризата предизвикана од пандемијата со корона не ги попречи градежните активности во општина Новаци.Напротив продолжуваме со забрзана динамика почитувајќи ги мерките за заштита а со тоа директно помагаме на економијата во овој многу важен период.Започнавме со асфалтирање на локални улици и патишта во 17 населени места во општина Новаци со планирана вкупна должина од 2.5-3км со вредност на инвестицијата од 11 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Новаци за 2020г.Остануваме силно посветени во успешното спроведување на долгорочната стратегија за изградба на квалитетна инфраструктура која ќе остане и за идните генерации.Општина Новаци е подготвена со веќе спремни проекти да аплицира за обезбедување на средства од домашни и странски фондови и програми со цел нивна имплементација.Очекуваме оваа година реализирање на многу веќе изготвени проекти кои се од големо значење и интерес за граѓаните на општина Новаци . “-истакна градоначалникот Кузманоски.

Општина Новаци покажува како е да се работи домаќински и одговорно и да се гради по план во секое населено место.

Back to top
Skip to content