Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Поставен крстот донација од Здружението на ветерани на Франција во с. Брод

Со серија активности привршува проектот „ Мир и сеќавање, екологија и управување со отпад“ кој општина Новаци го реализира во партнерство со Алда, општина Коломбел , Франција и Министерство за надворешни работи на Р.Франција.

„ Овој едногодишен проект започна во овој период минатата година и веќе сме при крај со сите планирани активности. На специјално изработен постамент  ѕидан со камен е поставен гипсениот крст кој минатата година ни го донираше Здружението на ветерани на Р.Франција. Овој крст е реплика во полимер (гел и полиестер) од споменик на  француски војник од Првата светска војна од Источниот фронт, со димензии H 1,96m x 1m и е целосно автентичен затоа што е излеан во истиот калап како и оригиналниот споменик кој некогаш бил поставен на Добро поле. Исто така направено е хортикултурно уредување и чистење на просторот околу споменикот на паднатите војници и цивили од Прва светска војна во с. Брод. Направена е една историска работилница со улчениците од 8 мо одделение од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во с. Новаци на која им беше прикажан 30 минутен филм за уметникот од фронтот кој неколку години живеел и творел на овие простори.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Станува збор за проект кој веќе неколку години наназад  почнувајќи од 2016 година па се до денес се реализира со истите партнери, со многу завршени проекти, реализирани активности, разменети меѓусебни искуства и возвратни посети.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content