По повод 30-ти Март , празникот на општина Новаци, свежо цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски
По повод 30-ти Март , празникот на општина Новаци , делегација од општината предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски положи свежо цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски од с.Новаци кој загина во конфликтот во 2001 година.
Пеце Матичевски се запиша во историјата на македонскиот народ, стана дел од неговата борба за мир и слобода, стана народен херој.
Никогаш нема да биде заборавен.Неговото дело ќе го споменуваат поколенија и поколенија.
Вечна му слава!
0 Comments