Празникот на општина Новаци и патронeн празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски”
Денес, по повод празникот на општина Новаци и патрониот празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски”, пред бистата на патронот цвеќе положија делегација од општина Новаци предводена од градиначалникот Љубе Кузманоски и делегација од самото училиште предводена од директорот Илче Соклевски.
”Денес го одбележуваме раѓањето на големиот херој Славко Лумбарковски и 64 години постоење на општинското основно училиште “Славко Лумбарковски” .Нашето училиште е расадник на трајни знаења и вредности на голем број генерации .
Ги поздравувам сите досегашни достигнувања и идни заложби за подобрување на условите за работа на учениците и наставниот кадар .
Како локална самоуправа ќе продолжиме да вложуваме во нашите ученици , во нашите деца, во насока на подобрување на воспитно-образовниот процес.”-истакна градоначалникот Кузманоски
Многубројни се делата на хероите на кои со гордост се сеќаваме на нив.
Нека ни биде честит патрониот празник!
0 Comments