Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

средби со граѓани од четири населени места од Мариовскиот крај и тоа од с.Зовиќ, с.Старавина, с.Градешница и од с.Будимирци

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Во текот на денешниот ден градоначалникот Љубе Кузманоски оствари средби со граѓани од четири населени места од Мариовскиот крај и тоа од с.Зовиќ, с.Старавина, с.Градешница и од с.Будимирци .

Тема на разговор со жителите од овие села беше се она што досега е направено во изминатите 2 и пол години локална власт ,колку од нивните досегашни барања се реализирани и за се што се планира да се направи во следниот период .Најдобар и најпродуктивен начин на работа е да се слушнат барањата на граѓаните , нивните предлози и идеи бидејќи тие знаат најдобро што им е потребно во нивното место на живеење.

Жителите од овој крај се задоволни и благодарни на се што досега има направено локалната самоуправа во нивните места на живеење и ја поздравија работата и ангажманот на градоначалникот во целост.

После неколку децении решени се најголемите проблеми на жителите од овој крај , меѓу кои е и асфалтирањето на регионалниот пат Рапеш-Старавина во должина од 9 км .

Продолжуваме посветено да се грижиме за секое населено место и за секој граѓанин.

Мариово повеќе не е заборавено и изолирано место како некогаш туку со посветена работа и вложување во инфраструктура постанува потенцијално место за развој на руралниот и меморијалниот туризам што ќе привлекува голем број на туристи , ќе заживеат селата и ќе се зголеми повратот на жителите од овој крај кој го напуштиле во минатото.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content