Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Министерот за земјоделство Димковски во посета на Општина Новаци

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски при неговата посета на општина Новаци, заедно со градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски направи увид на проектите што се реализирани со средства од Агенцијата за финансиска поддршка преку програмата за рурален развој.

Општина Новаци преку Програмата за рурален развој реализира два инфраструктурни проекти -Изградба на локален пат до с.Тепавци во должина од 3км и изградба на локален пат од крстосница од с.Старавина-с.Будимерци до манастир Св.Атанас ,с.Старавина во должина од 811 м со вкупна вредност на двете инвестиции од 23.6 милиони денари и проектот за изработка на урбанистички планови за 6 населени места во вредност од 11 милиони денари кој е во тек на реализација.

“Денес сме тука заедно со Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство г-динот Трајан Димковски , директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој г-дин Никола Бабовски и локалното население да го промовираме новоизградениот локален пат во должина од 3 км кој после неколку децении со силни заложби го олеснивме пристапот до ова населено место .

Реализиравме уште едно ветување дадено пред граѓаните на с.Тепавци .Станува збор за инвестиција финансирана од Влада на РС Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој .Изградбата и асфалтирањето на овој локален пат е во вредност од 18.901.948 денари, инвеститор е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Како локална самоуправа во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка постигнавме голем успех во корист на локалното население од с.Тепавци и од с.Старавина . Освен овој локален пат со средства од платежната агенција го изградивме и локалниот пат од Крстосница с.Старавина-с.Будимерци до манастир Св.Атанас во с.Старавина во должина од 811 м и вредност од 4.600.000 денари што значително придонесовме за развој на манастирскиот туризам од овој крај.

Програмата за рурален развој е одличен пример за тоа како се подобруваат условите за живот во руралните средини .Ние како локална самоуправа подготвуваме бројни инфраструктурни проекти кои се од приоритено значење за локалното население од понеразвиените населени места од нашата општина и максимално ги искористуваме средставата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Како локална самоуправа се залагаме за подобрување на квалитетот на живот во секое населено место со цел подобар и поквалитет живот на секој граѓанин .”-истакна градоначалникот Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content