ЗАСАДЕНИ ДРВЦА ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР ВО С.ДОБРОМИРИ
Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со директорот на ЦОУ “Славко Лумбарковски” Илче Соклевски , наставници ,родители и ученици од подрачното училиште во с.Добромири се вклучија во акција на засадување на дрвца во училишниот двор .
Покрај разубавувањето на училишниот двор, целта е и развивање на свеста на учениците за значењето и заштитата на животната средина .
Станува збор за 160 садници набавени со средства од Буџетот на општина Новаци со претходна Одлука на Совет кои ќе бидат посадени на различни локации пред се јавни површини и институции во неколку населени места во општина Новаци .
0 Comments