РЕК – Битола пошумуваше во општина Новаци
Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски учествуваше во акцијата за пошумување во околината на РЕК – Битола.
Заедно со Градоначалничката на општина Могила Јасмина Гулевска, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, директорот на РЕК – Битола Златко Ќурчиевски беа дел од акцијата за пошумување околу регионот на РЕК – Битола.
На регионот околу РЕК – Битола потребни му се акции од ваков вид – создавање на зелен појас со цел да се намалат штетните последици од загадувањето.
Продолжуваме и во иднина да организираме и да учествуваме во вакви акции.
0 Comments