Максимално искористени средствата од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општина Новаци
Врз основа на Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за расределба на средства по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општина Новаци , како и Програмата за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2019г по склучен договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за тековната 2019г општина Новаци доделените средства во висина од 6.566.387 денари ги искористени за :
✅Изградба на атмосферска канализација во с.Новаци
✅ Изградба на атмосферска канализација во с.Бач
✅Изградба на водопоило во с.Зовиќ, с.Рапеш и с.Маково
✅Санација на фонтана во с.Рибарци
✅Реконструкција на тротоар во с.Новаци (општинска зграда кон Рибарци)
✅Реконструкција на тротоар во с.Новаци ( МКЦ до гробишта)
✅Партерно уредување на капалиште покрај Градешка река .
0 Comments