Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Нема опасност од поплави во општина Новаци

По снегот и дождовите, но и по зголемувањето на температурите и топењето на снегот, се стравува дека може да се случи поплавување на Пелагонија. Кај населението постои стравот, ако се има предвид она што се случи пред неколку години.

„Има многу вода треба каналите да се прокопаат, да се донеси машинерија“ вели жител

Општина Новаци беше една од најпогодените тогаш, но сега првиот човек на општината вели дека состојбата се контролира редовно.Внимателно ќе следат и во наредниот период заради зголемувањето на температурите и топењето на снегот.

„ Ние имаме од Новаци човек кој секојдневно ја прати водата ја мери Црна, нивото моментално е 150 см а максимално 420 см. Така да некаде околу 200 см има слободен простор што можи да прими река Црна. Меѓутоа со самото чистење на река Црна по 2015 година откако се случија поплавите сметаме дека нема да дојди до таква работа. Втора работа е што каналите кои се во атарот на општина Новаци со помош на водостопанското претпријатие Битолско поле цела година се чистат, и 10-ти канал и каналот према Рибарци , Гнеотино и на потегот за Живојно. Така да нема никаква опасност од поплави во овој момент.“ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Контактираат со Дирекцијата за заштита и спасување.

„Доколку температурите се покачат нормално е дека очекуваме дека нивото на река Црна ќе се зголеми но сметам дека има простор и енма опасност од поплави. Декојдневно комуницираме со ДЗС кои се интересираат за проодноста и чистотата на патиштата.“ рече Кузманоски

Во среда времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content