Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

19-та седница на Совет на општина Новаци

По усвојувањето на записникот од  18-та седница советот на општина Новаци го разгледа и усвои дневниот ред  со дваесеттина точки од 19-та седница

 

Советниците најпрво го усвоија Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци  за извештајниот период (кумулативно) за квартал од  01.01.2018  до  30.09.2018 година.

Едногласно  усвоени се следните  Предлог-Одлуки и Одлуки :

 

1.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Новаци за 2018 година.

2.Предлог-Одлука за одобрување на  приоритет на проектот Изградба на цевковод за водоснабдување на с.Бач, с.брод, с.Живојно и с.Добровени

  1. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант,согласно Договор за финансирање СЕПАРИС број 2008-0446 помеѓу Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: Водоснабдување и одведување на отпадни води во врска со Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 83/10

и Одлуката за распределба на средства согласно договорот за заем по проектот Водоснабдување и одведување на отпадни води (“Службен весник на Република Македонија“ број 154/2010), меѓу Општина  Новаци  и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија

 

Советот  ја усвои и Нацрт-Изјавата  дека Општина  Новаци  ги исполнува/ ќе ги исполни следните услови.

4.Предлог-Одлука за давање согласност и овластување  за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина  Новаци.

5.Предлог-Програма за изработка на општи акти на територијата на општина Новаци за 2018 година

6.Предлог-Одлука за воспоставување  на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар , Могила и Новаци за учество  во финансирањето на Регионалниот ресурсен  центар за слепи лица и лица со оштетен  вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила Битола

7.Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво

 

Советниците го усвоија и Планот за измена и дополнување на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци за 2018 година-Октомври 2018 година.

Советот едногласно усвои и неколку барања од физички лица од с. Новаци и с.Д.Агларци  за еднократна парична помош.

Разгледани се и усвоени  и следните барања :

 

1.Барање од Месна Заедница с.Градешница за одобрување набавка на градешни материјали

2.Барање од ЈЗУ Клинишка болница ,,Др. Трифун Пановски,,Битола за одобрување на финансиски средства за реконструкција на базенот  и цел инвентар во одделението за физикална медицина и рехабилитација

 

3.Барање  од црковен одбор на црква Рожденство на Пресвета Богородица с.Мусинци, за одобрување набавка на градежни материјали(песок 1)

4.Барање за откуп на книга Манаки од авторот Роберт Јанкуловски

 

  1. 5. Барање од ОУ Славко Лумбарковски Новаци за одобрување на финансиски средства за изградба на објект за чување на огревно дрво(10м3 огревно дрво) во склоп на училиштето во с.Далбеговци.

6.Барање од Здружение Фудбалски клуб ,,Атлетико,,Битола за одобрување на финансиски средства за сезоната 2018/2019 во прва македонска женска лига.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content