Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

По 18-ти пат се одржаа Пелагониските културно-научни средби во Општина Новаци

Традиционално по 18-ти пат општина Новаци беше домаќин на Пелагониските културно-научни средби кои денес се одржаа во просториите на ООУ Славко Лумбарковски во Новаци . Организатор на овие средби е здружението пелагониски културно-научни средби при општина Новаци а покровител е Општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски . 
Во 2001 година се формирани овие средби и по 18 години голем број на научни дејци земаат учество на средбите претставувајќи ги своите сознанија , истражувања и трудови за историјата и развојот на пелагонискиот регион вклучувајќи ја и Општина Новаци .
Градоначалникот Љубе Кузманоски ги отвори научните средби .
” Ми претставува особена чест што и оваа година општина Новаци е домаќин на Пелагониските културно-научни средби . Благодарност до претседателот на овие средби г-динот Ѓорѓи Лазаревски за организацијата и нивно одржување. Општината и советот и во иднина ќе продолжат финансиски да ги поддржуваат овие средби затоа што се од големо значење за општината поради големата афирмација , промоција и популаризација на сите вредности кои ги поседува општина Новаци . “-истакна градоначалникот Кузманоски .
На научната средба беа доделени признанија и благодарници како и признание Златен клас на македонски вознес .

Беше доделена и Повелба за животно дело на писателот м-р Добре Тодорвски .
На градоначалникот Љубе Кузманоски од страна на претседателот на научните средби му беше врачено признание за учество и соработка .

Многумина научници сите овие 18 години со своите трудови ги презентираат културно историските и духовните вредности , историјата и развојот на општина Новаци и на други населени места од Пелагонискиот регион .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content